Saturday, April 24, 2010

On-line kursevi vo Rabotnicki univerzitet"Pere Toshev"-Prilep



Работнички универзитет „Пере Тошев“ од Прилеп е институција етаблирана од 1954 година.
Во своето работење акцентот го има ставено врз образовни услуги за сите заинтересирани партиципиенти и тоа за изучување и продлабочување на знаења од различни областа.Во различни периоди од своето постоење имал различни актуелни и пофрекфентно искористувани курсеви, секако во согласност и пред се раководени од желбите и потребите на нашите партиципиенти. Моментално во фокусот на нашето работење се ON-LINE курсевите и тоа онлајн курсеви за:
- СТРАНСКИТЕ ЈАЗИЦИ ( англиски , француски , италјански , шпански, грчки, албански )
- ОСНОВЕН КУРС ЗА КОМПЈУТЕРИ ( ms office- MS Windows, MS Word, MS Excel, MS Power Point, Internet )
За ваков начин на работење се одлучивме заради поголема флексибилност согласно расположивото време на нашите партиципиенти и можноста за комуницирање и учење во кое далечината веќе не претставува проблем!
Покажете го Вашето познавање на оваа област и начинот на нејзиното функционирање преку вклучување со Ваши блогови

1 comment:

  1. он лине часовите се уникатен начин на доближување на материалот до крајниот корисник. Секој учи со свое темпо, без да зависи од напредокот на другите. Може да се учи од дома во кое време сакаш и секако се избегнува стравот и срамот од другите.
    Е-учењето е единственото решение што овозможува да одржувате континуитет во учењето во секое време и место.
    Преку аудио-видео презентации материјалот се задржува во меморијата многу повеќе отколку при традиционалното предавање во клас. Во он лине училница многу е полесно да се дојде до материјали аудио, видео, квизови, интерактивни прашања кои се припремени од т.н Native speakers со што ученикот го слуша правилниот акцент. И секако да не ја заборавиме и цената. Цената е далеку пониска од вкупните трошоци за посетување традиционална настава во клас.
    Јас веќе извесно време се преориентирав само на он лине часови со моите ученици и е многу подобро како за нив така и за мене. Моментално работам и на мој сајт и учебник.
    Поздрав
    Емилија
    Skype: angliski_jazik

    ReplyDelete